Дел од медиумите, повикувајќи се на информации од ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека Силјановска-Давкова до 12 часот успеала да собере 15 000 граѓански потписи за поддршка на нејзината кандидатура
Денеска попладне во 18 часот е закажан почетокот на конгресот на СДСМ на кој треба да биде официјализирана поддршката на партијата за кандидатурата на Пендаровски
Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски попладнево соопшти дека за неполни пет часа ги собрал потребните 10 000 граѓански потписи за неговата кандидатура за втор на претседателски мандат. За кратко време денеска потребниот број потписи го собрала и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова.
Пендаровски за собраните потписи информираше преку објава на неговиот фејсбук-профил, како и преку соопштението од неговиот кабинет. Тој се заблагодари на поддршката од граѓаните и најавуви дека собирањето потписи ќе продолжи и во наредните денови.
„Во рекордно време, за неполни пет часа собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка на мојата кандидатурата за втор мандат. Ви благодарам на сите граѓани кои ја дадовте вашата поддршка. Продолжуваме со собирањето на потписи и во наредните часови и денови“,
напиша Пендаровски на Фејбук.
Дел од медиумите, повикувајќи се на информации од ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека Силјановска-Давкова до 12 часот успеала да собере 15 000 граѓански потписи за поддршка на нејзината кандидатура.
Пендаровски инцијативата за собирање на граѓански потписи до Државната изборна комисија (ДИК) ја достави во петокот, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ тоа го направи вчера, кога се одржа и партиската конвенција на која и формално таа ја доби поддршката на партијата во трката за шеф на држвата.
Денеска попладне во 18 часот е закажан почетокот на конгресот на СДСМ на кој треба да биде официјализирана поддршката на партијата за кандидатурата на Пендаровски за втор претседателски мандат.
Како што соопштија од СДСМ, конгресот ќе има отворен и работен дел. По завршување на работниот, затворен дел, конгресот ќе биде отворен за јавноста, а медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на кандидатот за претседател на државата.
Потребните 10 000 потписи од граѓаните веќе ги собраа лидерите на ЗНАМ, Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој е кандидат на ДУИ, кандидатот и претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата на албанските партии „Вреди“ и Билјана Ванковска, кандидат на Левица.
Постапката за собирање на потписи почна на 23 февруари и ќе трае до 8 март на полноќ. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори.