Шефот на државата Стево Пендаровски апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно додека не се создадат услови за масовна имунизација на населението.
Тој денеска учествуваше на редовната седница на Главниот координативен кризен штаб на која беа разгледани најновите состојби во државата предизвикани од пандемијата и беа разменети информации и мислења за актуелните мерки за спречување и ширење на ковид-19.
Како што информираат од неговиот кабинет, на седницата ресорните министри и претставниците на надлежните институции информираа за тековните активности, за преземените мерки и за ефектите од нивната имплементација.
„Претседателот Пендаровски посочи дека сите надлежни институции треба да продолжат со максимална посветеност и координирано да ја следат епидемиолошката состојба и одоколу има потреба да се разгледаат можностите за надополнување на мерките“,
информираат од неговиот кабинет.