Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божиќ.
„Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човекување и ни ја всадува вербата во подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Пораките на овој празник нека допрат до нашите срца и нека не следат цела година давајќи ни сила заеднички да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат. Само со заедништво, солидарност, разбирање и меѓусебна почит ќе дојдеме до личен просперитет и развој и напредок на нашата татковина“
стои во честитката.
Утре Пендаровски ќе присуствува на архиерејска литургија во црквата „Свети Ѓоргија“ во Охрид.