Париз од утре воведува највисок степен на мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, што значи дека во следните две недели се затвораат сите барови, а рестораните ќе мора да спроведат нови заштитни мерки за да останат отворени.
На подрачјето на Париз не е забележано никакво подобрување на состојбата со ковид-19, иако минатата недела беа прифатени сите три владини критериуми за воведување највисок степен на мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Работата од дома на подрачјето на Париз сега мора да биде на прво место, а универзитетските предавални не смеат да се пополнуваат со повеќе од половината капацитет.
Претходно, на 14 дена беа затворени и рестораните и баровите во Марсеј, град на југот на Франција, во кој дојде до жариште на ширењето на вториот бран од заразата, што предизвика протести и неуспешен обид за правна битка.
Франција вчера регистрира 12 565 нови случаи на коронавирус.