Од Министерството за внатрешни работи велат дека парите и телефоните се пронајдени при извршен преглед на возило со кое осудениците пристигнале во казнено-поправната установа
При претрес кај четворица осуденици синоќа во 20 часот на влезот на казнето-поправната установа Затвор „Идризово“ биле пронајдени пари и мобилни телефони, велат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека телефоните и парите се пронајдени кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. при преглед на возило со кое овие осуденици пристигнале во затворот и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почетокот на месецов, при претрес на ќелиите во притворскиот дел во затворот „Скопје“, беа пронајдени седумдесет телефони, додека пак во претрес во струмичкиот затвор беа пронајдени три мобилни телефони.