Пандемијата на ковид-19 ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи се на информациите од Меѓународниот монетарен фонд.
„ММФ предвидува кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 трилиони американски долари“,
рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува Си Ен Ен.
Според него, светот веќе потроши милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата.
„Само Г20 мобилизираше повеќе од 10 трилиони долари фискален стимул за да ги ублажи ефектите на пандемијата. Тоа е веќе три и пол пати повеќе откако што потроши светот за целиот одговор на глобалната финансиска криза“
рече Тедрос.
Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски стимул во кој светот може да инвестира.
„Акцелераторот е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавки потребни за сите алатки неопходни за да се стави крај на пандемијата“,
додаде тој.