Најголем број луѓе кои купуваат стоки или услуги преку интернет во последната година е забележан во Холандија – дури 94 отсто од населението минатата година купиле нешто преку интернет
Од друга страна, најмалку се купувало во Романија и Бугарија. Во овие земји, нешто повеќе од 40 отсто од луѓето купуваат онлајн
Купувањето преку интернет продолжува да расте и во светот и во Европа. Пандемијата го наруши купувањето во продавниците, а сето тоа имаше влијание за онлајн купувањето.
Според податоците на Евростат, во 2021 година, 74% од луѓето на возраст меѓу 16 и 74 години нарачале нешто или завршиле некаква услуга преку интернет.
Најголем број луѓе кои купуваат стоки или услуги преку интернет во последната година е забележан во Холандија. Во оваа земја, дури 94 отсто од населението минатата година купиле нешто преку интернет. По Холандија, на листата се Данска со 92 отсто и Шведска со 89 отсто.
Од друга страна, најмалку се купувало во Романија и Бугарија. Во овие земји, нешто повеќе од 40 отсто од луѓето купуваат онлајн.
Во последните неколку години, најголем раст на онлајн купувањето е забележан во Чешка, Словенија и Унгарија.
Луѓето најчесто купуваат облека и обувки
Најчестите производи што луѓето ги купуваат преку Интернет се облека и обувки. Потоа следува достава на храна од ресторани, брза храна и други угостителски објекти, па мебел, производи за домаќинство и градина, како и производи за козметика, убавина и здравје.
Тука некаде се и книгите и списанијата, а електронските уреди како телефони, компјутери и таблети се на последно место.