На нашето прашање до Владата, зошто страницата не функционира, дали станува збор за технички проблем или пак за хакерски напад, ни одговорија дека интернет страницата на Владата е под константни хакерски напади
Веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија не функционира, односно таа е падната и е недостапна за јавноста.
„360 степени“ од утринава пробува да пристапи до страницата, но безуспешно.
„Веб-страницата наиде на неочекувана грешка. Обидете се повторно подоцна“,
стои во пораката која ни се појавува.
На нашето прашање до Владата, зошто страницата не функционира, дали станува збор за технички проблем или пак за хакерски напад, ни одговорија дека интернет страницата на Владата е под константни хакерски напади.
„Интернет-страницата на Владата е под константни хакерски напади. Една од главните причини е слабата заштита наследена од претходно, иако биле потрошени десетици илјади евра. По констатирање на состојбата и увидување на проблемот, се работи на надминување на проблемот со цел страната на Владата да биде соодветно заштитена, соодветно и интернет-страниците на сите министерства“,
ни одговорија од Влада.