Официјалната веб-страница на Министерството за образование и наука веќе неколку часа не е функционална. Ако се обидете да влезете на нејзината адреса www.mon.gov.mk, се појавува дека серверот не е достапен.

На првиот училиштен ден, освен очекуваните проблеми со Националната платформа и неможноста учениците и наставниците да воспостават врска за учење на далечина, сега граѓаните имаат тешкотија да го видат и распоредот на часовите кои се емитуваат на Македонската телевизија.
Од МОН засега нема официјално известување која е причината што веб-страницата не е во функција. Неофицијално, дополнителното оптоварување е и поради објавувањето на резултатите за сместување во ученичките домови.
Распоредот за часовите кои ќе се емитуваат на Македонската телевизија вчера ги објави министерката за образование и наука Мила Царовска на својот профил на Фејсбук.
Националната платформа, која беше креирана како унифициран модел за онлајн-настава за сите училишта низ земјава, денеска не е во функција, а училиштата и наставниот кадар се обидуваат преку различни алатки да ја реализираат денешната програма за учење на далечина.

*Поврзана вест: