На местото е присутна полиција, а повикани се и екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ за да го отстранат паднатото дрво од улицата. За настанот се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите кабли
Три оштетени автомобили и скинати кабли од бандера – ова е последицата од пад на дрво во скопската населба Тафталиџе. Пријавата за падот на дрвото стигнала до Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

„Добиена е пријава за паднато дрво на улица ‘Анкарска’ кај популано именуваниот реон ‘Млечен ресторан’. Паднатото дрво има оштетено три автомобили. Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера“,
информираат од ЦУК.
На местото е присутна полиција, а повикани се и екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ за да го отстранат паднатото дрво од улицата. Паралелно со известувањето на полицијата, за настанот се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите кабли.