Правилата се такви, тие се договорени и сите мора да ги почитуваат. Нема да има подобар предлог затоа што ова е најдобриот. Ова не е никаков бугарски диктат, туку европски правила што треба да ги следи Северна Македонија. Ова го изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук во пресерт на собраниската дебата за уставните измени
фото: принтскрин/архива
Северна Македонија е наш сосед и стратешки интерес на Бугарија треба да биде заедно да бидеме дел од НАТО и ЕУ на Балканот. Ова го изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за државното бугарско радио пред почетокот на расправата за уставните измени во македонското Собрание.
„Нема да има промена на ставот на ЕУ, а нема ни желба, ниту Евтопската комисија и Советот ќе се заложат за промена на правилата неколку месеци пред европските избори. Правилата се такви, тие се договорени и сите мора да ги почитуваат. Второ – нема да има подобар предлог, затоа што ова е најдобриот. Никој не му ги врти рацете на Скопје, никој не поставува дополнителни услови. Ова не е никаков бугарски диктат, туку ова се европските правила што треба да ги следи Северна Македонија,“
коментира тој.
Според него, ова бара политички напор и желба земјата да оди во една или во друга насока.
„Изборот е исклучиво за Северна Македонија. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страната на европеизацијата на РСМ, одговорноста е на партијата, но за жал, тоа брзо ќе го запре патот на Северна Македонија кон ЕУ“,
категоричен е Ќучук.
Според него, сосема е реално Албанија да се одвои од Северна Македонија ако не се направат уставните измени. Ќучук се согласи со мислењето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека во случај на неуспех, причините може да се бараат само во Скопје.
„Мора да има јасен политички знак, односно обединети напори од сите. Дебатата може и мора да биде жестока кога зборуваме за внатрешнополитички прашања, но кога зборуваме за столбовите на интеграцијата, НАТО и ЕУ, цивилизираниот избор на земјата треба да има само едно мислење – следење на стратешките приоритети на земјата. Таков е бугарскиот пример“
смета тој.
Условите не се бугарски, туку европски, нагласи Ќучук и додаде дека и Бугарија и Северна Македонија се согласиле со овие услови за време на француското претседателство.
Собранието на РС Македонија денеска и официјално ја почна дебатата за уставните измени со единствена точка на дневен ред – Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија.