Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ најави и втор протест, доколку, како што рече, Заев продолжи да ги нарекува уставобранителите терористи
На народот му дојдено преку глава, народот на вчерашниот протест најдиректно му покажа и му докажа на Зоран Заев дека, под број еден, не се согласува со тоа дека патриотите се терористи и, под број два, воопшто не се согласува со неговиот начин на владеење, оцени вечерва претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, кој гостуваше на Алфа.

Тој рече дека, и покрај корона-кризата, кога на дневна има по 30-40 смртни случаи, луѓето се одважиле и се охрабриле да излезат на протестот.
„Ова дефинитивно можеби не е крај, можеби не е ни почеток на крајот, но, секако, јас барем се надевам, дека е крај на почетокот. Огромно мнозинство од македонското население е уверено дека тие луѓе се неправедно осудени, дека веќе четврта година се во затвори и дека тие се се само терористи не се“,
изјави Пандов.
Тој рече дека се радува што на протестот доминантно биле членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, како што рече, имало и огромен број на луѓе кои се „нормално опозициски расположени“, но луѓе кои што не членови на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на други партии.
„Ќе има втор протест верувам, ако Заев продолжи граѓаните да ги множи со нула, а уставобранителите и понатака да ги нарекува терористи. Во таква ситуација многу лесно може да му се случи следен протест и тоа за многу скоро време. И тогаш верувам дека ќе има дупло повеќе луѓе“,
нагласи Пандов.
