Првичните резултати од локалните избори, Државната изборна комисија има обврска да ги соопшти во рок од 12 часа по затворањето на гласачките места

Во 7 часот изутринава започна гласањето на осмите локални избори, а од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека се отворени сите избирачки места.
Право на глас имаат 1 832 415 граѓани, кои до 19 часот можат да го искористат своето право на глас на вкупно 3 474 избирачки места низ земјата.
На овие избори, граѓаните избираат меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Вчера, еден ден пред изборите, своето право на глас го искористија затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лицата сместени во старските домови.
ДИК најави дека првата прес-конференција со согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе се одржи во 09:30 часот.
Првичните резултати од локалните избори, Државната изборна комисија има обврска да ги соопшти во рок од 12 часа по затворањето на гласачките места.