„Никој нема да може да ја менува историјата на нашата слобода“, пишува преку фотографијата на Хашим Тачи што Еди Рама ја објави на фејсбук
Со фотографија од косовскиот претседател кој во рацете држи знаме на ОВК, а преку која е испишана порака „никој нема да може да ја менува историјата на нашата слобода“, албанскиот премиер Еди Рама му изрази поддршка на Хашим Тачи, кој синоќа се врати во Косово во сослушувањето во Специјалното обвинителство во Хаг, за обвинението против него за воени злосторства.
Рама ја објави фотографијата со Тачи на својата фејсбук-страница, по синоќешното обраќање на Тачи до јавноста во Косово, на која ѝ порача дека од овој процес ќе излезе чист како солза.