Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО
Наредба за спроведување истражна постапка и притвор од 30 дена е определен за лицето кое е осомничено дека сторило кривично дело убиство, соопшти Основното јавно обвинителство-Кочани.
„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена“,
се наведува во соопштението од ЈО.
Осомничениот на 25 септември годинава на свиреп начин лишил од живот една жена нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож, додаваат од ЈО.
„Тој од дома зел кујнски нож и, знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на самото место“,
се наведува во соопштението на кочанското јавно обвинителство.