Според извештаите, во универзитетскиот кампус војниците пронашле влез во тунел што води до училиште, оддалечено околу еден километар
Израелската војска соопшти дека нејзините војници уништиле згради со инфраструктура на Хамас во Универзитетот „Ал Азхар“ во градот Газа, пренесува Би-би-си.

Според извештаите, во универзитетскиот кампус војниците пронашле влез во тунел што води до училиште, оддалечено околу еден километар.
לוחמי צה"ל מגדוד ההנדסה במילואים 749 מצוות קרב החטיבתי של ביסל"ח השמידו אתמול מבנים ובהם תשתיות טרור ששימשו לפעילות צבאית של החמאס באוניברסיטת "אל-אזהר" שבשכונת רימאל ברצועת עזה >> pic.twitter.com/if97AbciSl
— דובר צה״ל דניאל הגרי – Daniel Hagari (@IDFSpokesperson) December 8, 2023
Портпаролот на Израелската војска, Даниел Хагари изјавил дека за време на рацијата била откриена подземна рута што го напушта универзитетскиот двор и продолжува до училиште на околу еден километар.
Силите нашле експлозивни направи, ракетни делови, фрлачи и друга опрема во областа.
Исто така, резервисти на 14-та оклопна бригада извршиле рација на набљудувачката станица на Хамас во областа Шати, пренесува Тајмс оф Израел.
ИДФ тврди дека војниците пронашле 200 рачни радија, десетици камери, како и тунел и оружје.
Конфликтот меѓу Израел и хамас избувна на 7 октомври кога милитантите на Хамас преминаа во јужен Израел и убија 1 200 луѓе, главно цивили, во дивеење низ кибуците и другите заедници.
Повеќе од 200 заложници беа однесени во Газа.