Државната изборна комисија информира дека потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници
Две кандидатури за градоначалници во Охрид и Струга се отфрлени, информира Државната изборна комисија (ДИК). Отфрлени се и шест листи за советници од Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.
Државната изборна комисија информира дека потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници.
ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед на кандидатските листи на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа, потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб-страната на ДИК и огласени од страна на избирачките одбори.
ДИК утре на јавна седница во 15 часот ќе ја спроведе жрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик.