Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава на Даниела Штајнфелд против Борислав Лечиќ, објави српски Блиц. Иако тие немале увид во одлуката а не им се познати ниту причините поради кои кривичната пријава била одбиена. Потврда од обвинителството дека таква одлука е донесена добила агенцијата Танјуг за која портпаролката на обвинителството, Ивана Ракочевиќ, изјавила дека „одлуката не е правосилна и Штајнфелд има право да поднесе жалба до апелационото обвинителство“.
Полномошникот на Штајнфелд, адвокатот Божа Прелевиќ за Танјуг најавил дека сигурно ќе приговара на одлуката.
Скандалот кој го шокираше целиот регион беше обелоденет кога актерката Даниела Штајнфелд, најпрво во својот документарен филм откри дека била жртва на силувања, а подоцна појасни дека ја силувал моќник од филсмката индустрија. По неколку месеци, во полицијата пријави дека во 2012. ја силувал постариот колега, познатиот актер Бранислав Лечиќ. Во прилог на своето тврдење, таа објави и аудио-разговор со Лечиќ од 2016 година, кој му беше доставен на Обвинителството.

Двајцата беа сослушани од обвинителството во март, а Лечиќ ги демантираше обвинувањата и беше на полиграфско тестирање. Актерката во интервју за „Инсајдер“ рече дека по силувањето била толку трауматизирана што сакала да се убие, а потоа за да закрепне и била потребна помош од психијатар.
„Флешбекови. Бев преплашена, плачев. Имав панични напади. Се плашев. Мислев дека целиот живот ќе ми помине така. Немаше шанса никому да кажам, немаше шанса да работам иако глумата е мојата страст. Сето тоа ме поразуваше. Не се имав себеси, немаше кому да се потпрам. Сакав да се убијам, импулсивно мислејќи дека тоа е најрационалното нешто што може да го направам. Не можев да разберам, има ли светло на крајот на тунелот“,
ја раскажа Штајнфелд својата приказна за ‘Инсајдер’, додавајќи дека сепак се решила да замине на лекување.
По неа, со тврдење дека била жртва на Лечиќ се појави и актерката Мерима Исаковиќ. Таа во својата исповед за весникот „Неделник“ рече дека во 1978. кога биле колеги на Факултетот за драмски уметности во Белград, била сексуално вознемирувана од Бранислав Лечиќ. Нејзиниот случај не е расчистен иако таа изјави дека е подготвена да сведочи.
Во знак на солидарност со своите колешки, истакнатата српска актерка, Мирјана Карановиќ, го извести Југословенското драмско позориште дека нема да настапува во претставата „Маме му е … кој прв почна“ во која таа игра заедно со Бранислав Лечиќ.