Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош
Осумдесет и двегодишна жена од Аргентина вчера е пронајдена почината во хотелска соба во Охрид каде што престојувала, информира преку соопштение охридската полиција.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
„На 14.05.2024 во 07:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде престојувала, била пронајдена почината Р.В.Б. (82) од Аргентина. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“,
информираат од охридската полиција.
Увид на местото на настанот извршила увидна полициска екипа.