Наместо на телевизиската дебата, на која одби да учествува, поранешниот американски претседател ќе биде интервјуиран од еден од најпопуларните американски водители, Такер Карлсон. Интервјуто со Трамп, како што објави Си-ен-ен, се очекува да биде искористено како контрапрограмирање за време на дебатата
Во првата прелиминарна телевизиска дебата на Републиканската партија за претседателска номинација на изборите во 2024 година ќе учествуваат вкупно осум кандидати, соопшти Републиканскиот национален комитет.
Меѓу осумте имиња, едно ќе биде видливо отсутно – Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател на својата социјална мрежа Трут објави дека нема да учествува на дебатата наведувајќи го неговото големо водство во анкетите како доказ дека тој веќе бил познат и им се допаѓа на гласачите пред изборите во 2024 година.
Наместо тоа, Трамп ќе биде интервјуиран од еден од најпопуларните американски водители, Такер Карлсон. Интервјуто со екпретседателот на САД, како што објави Си-ен-ен, се очекува да биде искористено како контрапрограмирање за време на дебатата.
Дебатата на претседателските кандидати на Републиканската партија е првиот голем настан од кампањата за претседателските избори во САД. Таа ќе се одржи во среда во градот Милвоки, во сојузната држава Висконсин
Во дебатата ќе учествуваат осум републиканци – гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, поранешната гувернерка на Арканзас, Аса Хачинсон, поранешниот потпретседател Мајк Пенс, конзервативниот претприемач Вивек Рамасвами и сенаторот од Јужна Каролина, Тим Скот.
За да се квалификуваат за дебатата, кандидатите требаше да ги исполнат барањата на Републиканскиот национален комитет и да потпишат изјава со која ветуваат дека ќе го поддржат републиканскиот кандидат за претседател.
Дебатата ќе ја водат новинари од „Фокс њуз“, а ќе започне денеска во 21 часот по локално време.