Најавата од градоначалникот на Тексас за уривање на училиштето доаѓа во време кога во САД се сè погласни критиките на јавноста поради реакцијата на полицијата за овој случај – за која велат дека чекала повеќе од еден час за да се соочи со напаѓачот

Основното училиште „Роб“ во Увалде, Тексас – каде што тинејџер уби 19 ученици и двајца наставници – ќе биде урнато, изјави градоначалникот на градот, Дон Меклафин, јави Би-би-си.
Тој истакна дека никој не може да побара од дете или наставник да се врати во тоа училиште поради што ќе биде урнато. Сепак, тој не кажа кога тоа ќе се случи.
Најавата од градоначалникот за уривање на училиштето доаѓа во време кога во САД се сè погласни критиките на јавноста поради реакцијата на полицијата за овој случај – за која велат дека чекала повеќе од еден час за да се соочи со напаѓачот.
Директорот на Одделот за јавна безбедност на Тексас, Стивен Мекроу, оцени дека реакцијата на органите на редот во случајот со пукањето во училиштето биле огромен неуспех, каде што командирот ги стави животите на полицајците пред животите на децата.
„Постојат убедливи докази дека одговорот на органите за спроведување на законот на нападот во основното училиште ‘Роб’ беше голем неуспех и спротивно на сè што сме учеле“,
рече Меккроу на сослушувањето во Сенатот во Тексас додавајќи дека полициската акција не била успешно спроведена откако напаѓачот влегол во основното училиште и почнал да пука.
Основното училиште „Роб“, кое брои речиси 600 ученици во второ, трето и четврто одделение, нема да биде првото училиште што ќе биде срушено по масовно пукање.
Основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, беше урнато откако 20 ученици на возраст од шест и седум години и шест члена на персоналот беа застрелани во 2012 година. На истото земјиште потоа беше изградено ново училиште.
Масакрот во основното училиште „Роб“ во Тексас се случи минатиот месец која 18-годишник именуван како Салвадор Рамос изврши оружен напад во училиштето и усмрти 19 ученици и двајца наставници. Напаѓачот е исто така мртов и се верува дека дејствувал сам.
Макасрот во основното училиште „Роб“ од 18-годишникот, идентификуван како Салвадор Рамос, доведе до обновена национална дебата за регулативите за оружје.