Тој признава дека иако нема аргументи, сепак верува дека зад обидот стојат и други надворешни деструктивни сили, но не кажа на кои конкретно мисли
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека обидот за уривање на Владата бил беше чекор кон дестабилизација на земјата.
Тој признава дека иако нема аргументи, сепак верува дека зад обидот стојат и други надворешни деструктивни сили, но не кажа на кои конкретно мисли.
Османи напомена дека се отворени за соработка со сите партии кои се за ЕУ перспектива за земјата, освен Левица, за кои смета дека соработката со нив е неприфатлива.
Според него, мнозинство со политичката партија Левица внатре, води кон дестабилизација на земјата.
„Една партија која во својата програма има напишано дека потребно е да излезе од НАТО, тоа води кон дестабилизација. Тоа е неприфатливо. Замислете во Германија да има партија која бара Германија да биде надвор од НАТО и да биде дел од Влада? Незамисливо. Значи ние сме отворени за соработка со сите партии, освен со Левица. Со нив е невозможна соработката. Таа партија е анти-НАТО. Ќе видиме што ќе покаже времето. Таму имаше инструкции и мешање од надвор. Да почекаме и ќе видиме дали имало мешање од надвор. Не можам да тврдам, но верувам дека имало обиди за мешање од надвор“,
рече Османи.