„Согласно Преспанскиот договор, придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Сè што е македонски се однесува на македонската етничка заедница. Мислам дека треба да се почитуваат тие одредби бидејќи отвораат нови прашања. Исто и по однос на името на државата. Мислам дека најкоректен однос е да се каже, ние можеби имаме, имавме разлики, но тоа е реалноста. Ако имаат начин да ја сменат реалноста, нека повелат, тоа е демократски процес. Додека тоа не го направат, Уставот мора да се почитува“, вели министерот за надворешни работи во техничката влада
Преспанскиот договор е јасен по однос на ерга омнес употребата на името на државата. Тој всушност е спореден во однос на уставната обврска што ја имаме. Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот. Ирелевантно станува дали тоа е во однос на Преспанскиот договор.
Ова денеска на прес-конференција во Министерството за надворешни работи го изјави министерот за надворешни работи во техничката влада Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали некаде во Преспанскиот договор се забранува да се користи името Македонија, посочувајќи и дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил против Преспанскиот договор, но, како што додаде, кога станал премиер рекол дека тоа е меѓународна обврска и е дел од уставниот поредок и мораме да го почитуваме.

Османи упати, како што рече, бесплатен совет до Владата.
„Може да сте биле против, може да сте против, но тоа е реалност, тоа е дел од нашиот уставен поредок, дел од Уставот и мора да се почитува“,
рече тој.
На прашањето за почитување на одредбите од договорот за употреба на името, Османи рече дека нема простор за различни интерпретации на Преспанскиот договор.
„Согласно Преспанскиот договор, придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Се што е македонски се однесува на македонската етничка заедница. Мислам дека треба да се почитуваат тие одредби, бидејќи отвораат нови прашања. Исто и по однос на името на државата. Мислам дека најкоректен однос е да се каже, ние можеби имаме, имавме разлики, но тоа е реалноста. Ако имаат начин да ја сменат реалноста, нека повелат, тоа е демократски процес. Додека тоа не го направат, Уставот мора да се почитува“,
вели Османи.
Според него, може да имате став дека во иднина ќе работите да го смените името, Преспанскиот договор, дека ќе ја сменат преговарачката рамка, но дотогаш, како што посочи Османи, неговиот совет е договорите да се почитуваат.
Османи рече дека Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа, рече дека е договор за старатешка соработка меѓу нас и Република Грција.
„Таму има многу повеќе потенцијал отколку што можеме да извадиме проблеми од негово непочитување“,
рече тој.
Во однос на позициите на Софија, Османи рече дека сега тие позиции се нерелевантни, зашто како што посочи, јасно се утврдени правилата на игра во преговарачката рамка и тие позиции може да бидат за потребите на домашната сцена.
„Не се влошени, ниту подобрени, но, немаат некое значење во однос на преговарачкиот процес бидејќи јасно се утврдени правилата на игра во тој процес и тоа го прави процесот предвидлив за нас, што е многу важно за земја која што аспирира да стане членка“,
вели тој.
Османи на прес-конференцијата информираше дека на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува на 13 и 14 јуни во Скопје, ќе присуствува грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу, со која ќе има билатерална средба на која ќе разговараат, како што рече, за сите прашања од билатерален интерес.
На Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе земат учество ќе земат делегациите на 13 учесници на Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка.