Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, на социјалните мрежи упати честитки до МПЦ и до сите верници по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.
„Убава вест за Македонците, за сите православни верници, и за сите граѓани на Северна Македонија. Саборот на Српската православна црква (СПЦ) донесе правилна одлука со која ја прифаќа автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Честитки до МПЦ и до сите верници кои што долго време ја чека оваа правична одлука“,
додава Османи.
Покрај Османи, и министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан и до сите граѓани од православна вероисповед, по повод едногласно донесената одлука од соборот на Српската православна црква за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.
„Политиките на добрососедство се од голема важност за целиот регион. Само со градење на добрососедство можен е напредок на целиот Балкан.Честитки до МПЦ и сите православни верници кои што долго време ја чекаа оваа одлука“,
се вели во честитката на министерот Бектеши.