„Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот ‘протокол’ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот ‘отворање’ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија. Усвојувањето денес на резолуцијата во бугарскиот парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања, ќе го блокира долгорочно европскиот процес и, воедно, ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок“, порачува шефот на дипломатијата во објава на Фејсбук
Усвојувањето денеска на резолуцијата во бугарскиот парламент, како што е предвидено во предлогот што вчера го поддржа Комисијата за надворешна политика, ќе го блокира долгорочно европскиот процес и ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок, порача утрово на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи. Апелот на Османи доаѓа додека на пленарна седница во бугарското Народно собрание трае дебатата за францускиот предлог, за кој вчера премиерот Димитар Ковачевски рече дека не е прифатлив во ваква форма.
„Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската унија во регионот. Зборот ‘протокол’ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот ‘отворање’ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија. Усвојувањето денес на резолуцијата во бугарскиот парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања, ќе го блокира долгорочно европскиот процес и, воедно, ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок“,
напиша Османи.
Во однос на францускиот предлог, Османи посочува дека текстот е внимателно срочен, а прашањата што не беа прифатливи за С Македонија се ставени во загради.
„Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на француското претседателство, но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање“,
се вели во објавата на Османи на Фејсбук.

Комисијата за надворешна политика на бугарското собрание вчера го усвои предлогот на лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов.
Со него се предвидува Народното собрание да ѝ даде мандат на владата да го одобри предлогот на француското претседателство при исполнување на следните услови:
-пречистување на текстот на предлог-заклучоците на Советот, така што ќе гарантира впишување на Бугарите во Уставот на РСМ во одредбите во кои се споменати и други народи и на рамноправна основа со тие народи;
-подобрување на предлог-Преговарачката рамка и предлог-заклучоците на Советот се со цел појасно одразување на ставот дека ништо во процесот на пристапување на РСМ во ЕУ не може да биде толкувано како признавање од Република Бугарија на постоењето на „македонски јазик“;
-гаранција дека добрососедството останува хоризонтален критериум во рамките на целиот процес на присоединување на РСМ кон ЕУ за чие исполнување Европската комисија да го информира Советот пред секоја меѓувладина конференција;
-вклучување на референца за двостраните протоколи според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во преговарачката рамка.


На следниот линк може да го видите усвоениот предлог во целост и во оригинал.