2030-та е реална цел за обединување на европскиот континент преку вклучување на Балканот во ЕУ, порача министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи

Kрајно време за ЕУ да го реализира и потврди отворениот пат за Западен Балкан кон членство во ЕУ, даден уште во 2003 година на кој регионот напорно работи изминатите декади. 2030-та е реална цел за обединување на европскиот континент преку вклучување на Балканот во ЕУ.
Ова е пораката од министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, кој се обрати на панел-дискусијата на Балканскиот Форум во Будимпешта, на која учествуваа и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Османи, како што соопштија од МНР, нагласи дека тоа ќе претставува охрабрување и за Украина, која соочена со директна воена агресија, исто така го брани нивниот избор за почитување и припаѓање кон европските вредности.
На маргини на Балканскиот форум во Будимпешта, Османи реализирал многубројни средби со хомолози од регионот.