Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска преку социјалните мрежи остро го осуди оштетувањето на муралот „Василичарска епопеја“ во центарот на Вевчани,и го нарече овој чин „вандалски“
Оштетен е муралот „Василичарска епопеја“, на академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, иако пред само два дена беше промовиран и поставен во центарот на Вевчани, со поддршка од Министерството за култура.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска преку социјалните мрежи остро го осуди оштетувањето на муралот „Василичарска епопеја“ во центарот на Вевчани и го нарече овој чин „вандалски“.

„Монументалното дело, прво во Вевчани е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да се вреднува како општо национално добро. Неприфаќањето на уметничкото облагородување на јавен простор, што ја засилува убавината на Вевчани, не користи никому, а уште помалку да е предмет на поделби од каков било вид. Ова вредно и оригинално уметничко дело беше промовирано пред два дена, и е приказ на целата церемонија и приказна на вевчанската вековна традиција“,
рече министерската на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Посочи дека очекува осуда за ваквиот чин и од локалната власт.
рече таа.
„Очекувам и постапување на надлежните органи за откривање на сторителите кои го уништија делото, кое е активен придонес во збогатувањето на животот на Вевчани и на посетителите на општина Вевчани“,
Според министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, ова монументално уметничко дело оддава почит на богатиот културен опус на Вевчани, овековечувајќи го наследството на нашиот негуван Вевчански карневал – еден од најстарите европски и први карневали во државата, зачленет во Светската карневалска федерација.