„Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија“, велат од Јавното обвинителство на РСМ
Ноќеска е опожарен автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
Сторителите се засега непознати, но од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија за нивно откривање и се обезбедуваат сите докази на терен. Во кусото соопштение испратено од Јавното обвинителство на РСМ не се наведува кој е обвинителот чиј автомобил е опожарен, но посочуваат:
„Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија.“
Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините.