За недостигот на терапија деновиве алармираа и повеќе пациенти на социјалните мрежи. Дел од нив велат дека биле вратени без да ја примат терапијата, додека пациентите од другите градови секојдневно се јавуваат за да проверат дали воопшто има лекови пред да патуваат до Скопје

Поради недостиг на лекови, онколошките пациенти за денеска најавија протест пред Министерството за здравство. Поради топлотниот бран кој ја зафати земјава, на протестот ќе присуствуваат смао неколку пациенти, со цел да укажат н ачестите прекини во снабдувањето со терапија.
Ана Марјановиќ од здружението „Хема-Онко“, која и самата е онколошка пациентка, во изјава за ТВ 24 вели дека пациентите повторно се соочуваат со неизвесност и стрес, бидејќи не знаат дали ќе ја добијат потребната терапија навреме.
За недостигот на терапија деновиве алармираа и повеќе пациенти на социјалните мрежи. Дел од нив велат дека биле вратени без да ја примат терапијата, додека пациентите од другите градови секојдневно се јавуваат за да проверат дали воопшто има лекови пред да патуваат до Скопје.
Од Клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.
