Пандемијата покажа дека интернетот може да го промени животот, истакна Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН
Сите луѓе да бидат поврзани на интернет до 2030 година, апелираше Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, нагласувајќи дека дигиталната технологија спасила животи во текот на пандемијата овозможувајќи им на милиони луѓе безбедно да работат или да учат од дома.
„Пандемијата покажа дека интернетот може да го промени животот“,
истакна Гутереш.
Тој рече дека пандемијата го прошири и дигиталниот јаз и ја покажа темната страна на технологијата поради брзото ширење дезинформации и додаде дека овие проблеми може да се решат само со зајакнување на соработката.
Тоа би значело воспоставување на јасни правила за заштита на човековите права и основни слободи, враќање на контролата врз податоците, сузбивање дезинформации и поттикнување омраза, како и поврзување на сите луѓе на интернет до 2030 година.