Абер Етефа, регионалниот портпарол на Светската програма за храна на ОН за Блискиот Исток, изјавила дека Газа сега добива само 10 отсто од потребните резерви на храна дневно, а дехидратацијата и неухранетоста растат за речиси сите 2,3 милиони луѓе во енклавата кои имаат потреба од храна
Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) предупреди на опасноста од масовен недостиг на храна и широко распространет глад во Појасот Газа, додека речиси целокупното население во палестинската енклава има очајна потреба од помош во храна, пренесува британски „Гардијан“.
Извршната директорка на ова тело на Обединетите нации, Синди Мекејн, во изјава дадена вчера рече дека резервите на храна и вода практично не постојат во Газа и дека цивилите се соочуваат со непосредна можност од глад.
Инаку, според информациите што ги пренесува британскиот весник, комуникациските системи во Појасот Газа не работат веќе втор ден поради што хуманитарните агенции ја запреа прекуграничната испорака на хуманитарни материјали.
Предупредувањата за опасноста од глад доаѓаат во период кога Израел навлегува сè подлабоко во градот Газа и додека неговите војници ја пребаруваат најголемата болница во Појасот – „Ал Шифа“, трагајќи по командниот центар на Хамас за кој војската тврди дека се наоѓа под зградата, јавува „Асошиејтед прес“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) на социјалните објавија фотографии и видеа од, како што тврдат, влез во еден од подземните тунели што ги користат милитантите на Хамас, како и оружје пронајдено во камион во болничкиот комплекс.
?Inside the Rantisi Hospital, yet another terrorist tunnel was unearthed by IDF troops.
— Israel Defense Forces (@IDF) November 17, 2023
2/3 pic.twitter.com/jUKVFNgeBb
Сепак, како што пишува „Гардијан“, засега сè уште нема докази за командниот центар за кој и Хамас и персоналот на „Ал Шифа“ негираат дека постои.
Војната која се разгоре на Блискиот Исток и која влезе во својата шеста недела почна со ненадејниот напад на Хамас на јужен Израел на 7 октомври, во кој милитантите, според израелските власти, убија повеќе од 1 400 луѓе, главно цивили, а како заложници зедоа околу 240, меѓу кои жени и деца.
Во воздушните напади кои уследија од израелска страна по нападот досега, според Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, се убиени над 10 000 Палестинци.
Абер Етефа, регионалниот портпарол на Светската програма за храна на ОН за Блискиот Исток, изјавила дека Газа сега добива само 10 отсто од потребните резерви на храна дневно, а дехидратацијата и неухранетоста растат за речиси сите 2,3 милиони луѓе во енклавата кои имаат потреба од храна.
„Луѓето се соочуваат со непосредна можност од глад“,
рекла таа од главниот град на Египет, Каиро.
Со оглед на тоа што само неколку камиони влегуваат во Газа и нема гориво за дистрибуција на храната, „не постои начин да се задоволат моменталните потреби за храна“, додала Етафа.
„Постоечките системи за храна во Газа генерално пропаѓаат“,
предупредила таа.
#HappeningNow @WFP @AbeerEtefa says no bread in Gaza: 23 bakeries closed, no water, no electricity @CBSNews | UN https://t.co/RUQrawxovh pic.twitter.com/9Fa1RH3fdE
— Pamela Falk CBS News Correspondent United Nations (@PamelaFalk) November 16, 2023