Економската комисија на ОН за Африка (УНЕЦА) прогнозира дека од пандемијата со коронавирусот може да починат 300 000 луѓе на овој континент, а во екстремна сиромаштија да западнат 29 милиони лица.
Во Африка досега во 54 земји се пријавени вкупно 20 496 потврдени случаи на заразени со вирусот, од кои 1 026 починале, а 4 974 оздравеле.
„За заштитата и изградбата на нашата заедничка благосостојба потребни се 100 милијарди американски долари за како одговор веднаш да се создаде здравствена и социјална безбедносна мрежа“,
велат од УНЕЦА.
Без овие интервенции, истражувањето предвидува дека годинава ќе се заразат повеќе од 1,2 милијарда Африканци, а 3,3 милиони ќе ги загубат животите. Но, и во најдоброто сценарио, кога сите влади ги спроведуваат мерките, на Африка и се закануваат 122,8 милиони заразени лица, 2,3 милиони хоспитализирани и 300 000 починати.
Според последните податоци на Ворлдометерс, во светот има вкупно 2 259 001 заболени од ковид-19, од кои 154 390 починале, а 575 970 луѓе оздравеле.