Гутереш рече дека ова е иницијатива која е многу важен придонес кон целите на ОН за безбедност на храната
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во писмо до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров презентираше серија конкретни предлози за обновување на Црноморскиот договор за жито. Гутереш вели дека рестартирањето на овој договор е од големо значење.
Тој рече дека ова е иницијатива која е многу важен придонес кон целите на ОН за безбедност на храната, како што се намалување на цените и создавање услови за пристап до светските пазари на многу земји, особено на земјите во развој. Тој додаде дека ОН ги земале предвид барањата на Русија.
„Имаме некои конкретни решенија кои ќе овозможат поефикасен пристап на руската храна и ѓубрива до глобалните пазари по соодветни цени. Сметаме дека ОН претставија предлог што може да биде основа за обнова, но обнова која мора да биде стабилна“,
рече Гутереш.