Специјалната известувачка на ОН за Палестина, Франческа Албанезе, истакна дека трагичната смрт на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех е уште еден сериозен напад врз новинарството, слободата на изразување и правото на живот и безбедност на окупираните палестински територии додавајќи оти нејзиното убиство е потенцијално воено злосторство

Убиството на истакнатата палестинска новинарка Ширин Абу Аклех од „Ал Џезира“ е потенцијално воено злосторство, изјави вчера специјалната известувачка на ОН за Палестина, Франческа Албанезе.
Во интервју за „Анадолија“, Албанезе изјави дека дека злосторството е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право и потенцијално воено злосторство, согласно Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд.
Познатата и долгогодишна палестинска новинарка, Абу Аклех била меѓу репортерите кои успеале да влезат во северниот град Џенин, на окупираниот Западен Брег, за да известуваат за напад на израелската војска пред вчера да биде убиена од израелските сили, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Специјалната известувачка на ОН за Палестина, Албанезе истакна и дека трагичната смрт на Ширин Абу Аклех е уште еден сериозен напад врз новинарството, слободата на изразување и правото на живот и безбедност на окупираните палестински територии.
„Атентатот на Абу Аклех мора да биде темелно истражен на транспарентен, ригорозен и независен начин“,
додаде таа.
Меѓу другото, таа повика на прекин на насилството во окупираните палестински територии, велејќи дека сега е вистинското време да се бара крај на нелегалната окупација на Палестина.
Претходно вчера телевизијата „Ал Џезира“ го осуди убиството на новинарката кое ги крши меѓународните закони и норми и ја нарече смртта на Абу Аклех, грозоморно злосторство, преку кое има за цел да ги спречи медиумите да ја исполнат својата задача.
Во меѓувреме и Стејт департментот го осуди убиството на палестинската новинарка и повика на исцрпна и продлабочена истрага.
„Важно е за нас и важно е за светот таа истрага да биде исцрпна, продлабочена и транспарентна, а извршителите да бидат повикани на целосна одговорност“,
изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Тој ги повика израелските власти да извршат истрага за повикување на одговорност на сторителите, додавајќи оти тие ги имаат неопходните средства и способност да го направат тоа.