Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата додека известувала за израелски напад на Западниот Брег. Набргу потоа починала, а нејзината смрт е потврдена и од арапскиот канал на „Ал Џезира“ и од палестинското Министерство за здравство
Новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех (51), утрово била убиена додека известувала за израелски напад во областа Џенин на Западниот Брег, пренесе „Ал Џезира“.
Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала, а нејзината смрт е потврдена и од арапскиот канал на „Ал Џезира“ и од палестинското Министерство за здравство.
Уште еден палестински новинар кој работел за „Ал Кудс“ со седиште во Ерусалим е ранет, но е во стабилна состојба.
Во меѓувреме, во соопштението од медиумската мрежа „Ал Џезира“ го осуди убиството на новинарката кое ги крши меѓународните закони и норми и ја нарече смртта на Абу Аклех како грозоморно злосторство, преку кое има за цел да ги спречи медиумите да ја исполнат својата задача.
„Ние ги сметаме израелската влада и окупаторските сили одговорни за убиството на покојната колешка Ширин“,
се вели во соопштението.
Медиумската мрежа „Ал Џезира“ ја повика меѓународната заедница да бара одговорност од израелските окупаторски сили за нивното намерно убиство на Абу Аклех.
Израелската армија, пак, соопшти дека нејзините сили биле цел на силен оган и експлозиви за време на операцијата во областа Џенин и дека возвратиле со напад.
Се додава и дека армијата го истражува настанот и ја испитува можноста новинарите да биле погодени од вооружени Палестинци.