Во Русија и Непал сојот омикрон е регистриран кај две лица, додека во Аргентина кај едно лице
Русија, Аргентина и Непал денеска ги потврдија првите случаи на новиот сој на коронавирусот, омикрон.
Во Русија сојот омикрон е потврден кај двајца патници што се вратиле од Јужноафриканската Република. Слична е и ситуацијата во Аргентина, каде што сојот омикрон е регистриран кај лице што допатувало од Јужноафриканската Република на 30 ноември, иако имало примено две дози на вакцина против ковид-19.
Во Непал, пак, денеска се потврдени два случаи на зараза со сојот омикрон. И двете лица биле во контакт со 66 луѓе, но засега никој од нив не е заразен.
За време на викендот во Индија се регистрирани 21 случај на заразени од сојот омикрон.
