Во март беше донесена одлука да биде забрането доаѓање на навивачи од странство, а поради сè потешката епидемиолошка состојба во Јапонија со коронавирусот, конечната одлука дали на Јапонците ќе им биде дозволен влез на олимписките борилишта е одложена за јуни, еден месец пред почетокот
Претстојните Олимписки игри (ОИ) во Токио би можеле во целост да се одржат без присуство на гледачи, најави денеска претседателката на Организацискиот одбор, Сеико Хашимото.
Во март беше донесена одлука да биде забрането доаѓање на навивачи од странство, а поради сè потешката епидемиолошка состојба во Јапонија со коронавирусот, конечната одлука дали на Јапонците ќе им биде дозволен влез на олимписките борилишта е одложена за јуни, еден месец пред почетокот на Игрите.
„Нашата прва цел е настанот да се одржи безбедно, како за спортистите, така и за целото население. Тоа значи дека Игрите би можеле да бидат одржани во целост без гледачи, доколку состојбата со пандемијата биде лоша“,
изјави Хашимото.
Таа ги посочи анкетите според кои Јапонците се загрижени и доколку состојбата не се подобри, таа најави дека ќе се донесе одлука да нема гледачи.