Четиристотини осуденици избегаа од затвор на Хаити, пишува Би-би-си. Во инцидентот се убиени 25 лица, меѓу кои и директорот на затворот, како и случајни минувачи.
Меѓу убиените е и моќниот шеф на подземјето, Арнел Жозеф, кој настрада кога се појавил на мотор на контролен пункт, неколку часа по бегството. Toj одбил да застанане со моторот на барање на полициски службеници и им вперил пиштол, по што тие возвратиле со пукање.
Жозеф, од страна на органите на прогонот бил најбараниот криминален лидер до 2019 година кога е и уапсен.
Засега не се знаат деталите околу бегствата од затворот и како точно се случиле, но, сведоци велат дека слушнале истрели и потоа забележале група на луѓе која бега.