Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на брифинг со новинарите повторно ги повика македонските државјани кои се наоѓаат во Украина да се вратат во земјава.
„Во однос на македонските државјани во Украина, тие треба да ја искористат можноста за постоење комерцијални летови и да се вратат во земјава“,
порача Османи.
Министерот истакна и дека на територијата на Украина живеат околу 100 македонски државјани.
„Не сакаме да внесеме дополнителен страв за ситуацијата со Украина, псотојано сме во координација со нашите партнери од НАТО и ЕУ“,
нагласи Османи.