Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд поднесе предлози за парични казни од 200 до 2 000 евра за десет лица кои пеш или со возила се шетале низ градот за време на полицискиот час.
Сите обвинети, според обвинителството, во одделни кривично-правни настани не ги почитувале здравствените прописи за сузбивање на заразната болест предизвикана од ковид-19.
За осум лица обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2 000 евра во денарска противвредност. За двајца од обвинетите, имајќи ја предвид нивната имотна состојба, обвинителството до Судот предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 200 евра во денарска противвредност.