Основното јавно обвинителство во Битола поднесе предлог за определување парична казна од 2 000 евра против едно лице поради непочитување на полицискиот час што е казниво по член 206 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Според Обвинителството, 32-годишник вчера околу 22 часот бил затекнат како се движи по улица „Илинденска“ во Битола, со што не ги почитувал донесените прописи и мерки за спречување и сузбивање на коронавирусот и забраната за движење на населението во периодот од 21 до 5 часот.
Јавното обвинителството до судот предлага парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.