Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог-мерки за претстојниот продолжен викенд и тоа:
– Полициски час од четврток (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
– Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.
Владата на седница денеска во 17 часот треба да одлучува за предлогот.
Предлогот доаѓа поради зголемување на случаите со ковид-19 во земјава, а по состанокот на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести и претставници на локални центри за јавно здравје и на МВР.
„Дополнително, на состанокот на претставниците на МВР им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно дејствување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките“,
соопштија од Министерството за здравство.