Бројката на излезени гласачи (180 062) сега е нешто пониска отколку пред две седмици, кога до 11 часот гласале 184 275 избирачи, со таа разлика што тогаш се гласаше во 81 единица на локалната самоуправа, а сега во 44. На 17 октомври, одѕивот до 11 часот беше околу 10 отсто
Нешто над 14 отсто е одѕивот до 11 часот во вториот круг од локалните избори, кога се гласа за градоначалници во 43 општини и во градот Скопје.
Според последните податоци од ДИК, од близу 98 проценти обработени гласови и избирачки места, до 11 часот гласале 180 062 од 1 335 556 избирачи во чии општини има втор изборен круг.
Сепак, бројката на излезени гласачи сега е нешто пониска отколку пред две седмици, кога до 11 часот гласале 184 275 избирачи, додека процентуално одѕивот тогаш изнесувал 10,3 отсто.
Вкупниот број на избирачи за овие локални избори е 1 824 864, колку што можеа да гласаат во првиот круг, кога се избираа и советници во општините и во градот Скопје. Во вториот круг се избираат градоначалници во 44 единици на локалната самоуправа, вклучително со Скопје, со 1 335 556 избирачи.