Информацијата вечерва ја потврди Министерството за внатрешни работи. Оттаму соопштија дека двајцата осомничени со иницијали В.М. и С.Ч. биле приведени вчера. Денеска, според МВР, тие биле изведени пред надлежен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, а потоа и пред судија на претходна постапка
Основниот кривичен суд Скопје им одредил 48-часовен притвор на двајцата осомничени за поврзаност со грабнувањето на дваесет и шестгодишниот Самоил Костадиновски, внук на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Информацијата вечерва ја потврди Министерството за внатрешни работи. Оттаму соопштија дека двајцата осомничени со иницијали В.М. и С.Ч. биле приведени вчера. Денеска, според МВР, тие биле изведени пред надлежен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, а потоа и пред судија на претходна постапка кој иm одредил притвор од 48 часа.
„На 08.03.2023 година од полициски службеници од СВР Скопје се лиѓени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за ниван инволвираност во случајот со во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје. Двете лица денеска (09.03.2023) се изведени пред ОЈО Скопје, а потоа и пред судија на претходна постапка , при што им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа“,
се наведува во информацијата на Министерството за внатрешни работи.
Претходно од ОЈО Скопје за „А1он“ потврдија дека исчезнувањето на Костадиновски и официјално се води како грабнување и дека до Основниот кривичен суд Скопје доставиле предлог на двајца осомничени да им биде одреден притвор.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – грабнување од член 141 од Кривичниот законик“,
навеле од ОЈО Скопје.
Оттаму посочиле дека во интерес на постапката засега не се во можност да соопштат повеќе детали.
Информации за исчезнувањето на Костадиновски во медиумите се појавија на 6 март откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се губи секаква трага.
Според објавите на социјалните мрежи од негови блиски, тој бил киднапиран во близина на чешката амбасада во Скопје.
Младиот Костадиновски е внук на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски од брат на неговата сопруга Виолета.