Новиот протокол, кој предвидува преземање посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен во текот на овој месец, за што Спасовски потенцира дека тој ќе биде дел од решението на процесот

Откога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, имаше само две дојави за поставени бомби. Една беше следниот ден, а другата после тоа. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцира на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.
Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен во текот на овој месец, за што Спасовски потенцира дека тој ќе биде дел од решението на процесот.
„Состојбата е целосно под контрола. Полицијата е тука, ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. Будно работиме во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место“,
порача неодамна министерот Спасовски.