Владата донела одлука за олабавување на дел од рестриктивните мерки за заштита од ковид-19, дознава „360 степени“ од упатени извори.
На денешна владина седница е одлучено полицискиот час да биде укинат од утре (среда 27 мај 2020 година). Тоа значи дека вечерва ќе биде последната со полициски час.
Втората одлука за олабавување на мерките се однесува на рестораните и кафулињата. Угосителските објекти ќе можат да почнат со работа од задутре (четврток 28 мај 2020 година). Но, работата нема да се одвива исто како пред забраната, туку со низа услови. Деталите, се очекува официјално да бидат соопштени наскоро.