Мерките за посебен сообраќаен режим во Скопје ќе бидат преземени поради посета на претседателот на Летонија, Егилс Левитс
Од утре до сабота, 23 април, поради посета на претседателот на Летонија, Егилс Левитс на земјава, Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на Град Скопје.
„За таа цел СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници“,
наведува МВР во соопштение.