Цената на еуросупер БС-95 останува иста, како и на еуросупер БС-98, кој ќе продолжи да се продава за 79 денари за литар
За половина до еден денар по литар од полноќ поскапуваат дизел-горивата. Цената на бензините останува иста. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.
„Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 71 денар за литар, а екстра лененото масло за домаќинство поскапува за еден денар и ќе изнесува 70,5 денари за литар“,
велат од РКЕ.
Цената на еуросупер БС-95 останува иста, како и на еуросупер БС-98, кој ќе продолжи да се продава за 79 денари за литар.
За 0,058 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 45,823 денари.