Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се зголемува за два денари, додека дизелот поскапува за еден денар

Од ноќеска на полноќ горивата ќе имаат нови, повисоки цени.
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се зголемува за два денари, додека дизелот поскапува за еден денар.
Па така, цената на еуросупер БС-95 од полноќ ќе чини 93 денари, додека еуросупер БС-98 ќе се продава за 95 денари за листар.
Со поскапувањето, цената на дизелот ќе биде 100 денари за литар.
Од РКЕ велат дека без промена останува цената на екстралесното масло за домаќинство, која ќе изнесува 110 денари за литар. Мазутот, пак, поскапува за 1,300 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 55,573 денари.
Од Комисијата велат дека во денешната одлука е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за дизел-горивото во износ од 10 отсто, како и намалениот износ на акцизата од два денари за литар кај бензините и четири денари за литар кај дизелот.
