Цените на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, а цените на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуродизел (Д-Е V) ќе биде 82,00 денари за литар.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“,
велат од Регулаторна.